Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Љубомир Весов

Роден е во 1892 година во Велес. Неговата фамилија рано се преселила во Софија, но никогаш не се откажала од интересот за Македонија. Целото свое образование, вклучително и универзитетското, го добил во Бугарија.

Во редовите на ВМОРО се вклучува уште како ученик и неколку години е четник во Македонија. Во  Првата балканска војна е доброволец во Македонско-одринското ополчение во четата на И.Попов и Х.Силјанов. Во април е во четата на П.Чаулев, која води жестоки борби во Криволашко. Одликуван е со сребрен медал. Од 1 913 година започнува да публикува свои стихови и да преведува од руски поети.

На 20 март 1915 година учествува во Валандовската акција заедно со војводите В.Стојанов, П.Овчаров, П.Чаулев и П.Карамфилович. Со 1000 четници ги разбиваат српските војски и го ослободуваат Валандово.

Учествува и во Првата светска војна, а по завршувањето на војната дипломира право на  Софискиот универзитет. Во март 1920 година е еден од  основачите и раководителите на Македонското студентско друштво „Вардар“.

Од 1920 година е Крушевски војвода.

Загинува на 3 ноември 1922 година кај село Острилци, Крушевско, опколен од српска полиција се самоубива.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik